Портпаролот на ИДФ, Даниел Хагари, рече дека ја следат заканата во нивниот воздушен простор и додаде дека за заканата ќе бидат потребни неколку часа за да пристигне во Израел. ГПС нема да биде достапен во одредени области како дел од подготовките, рече Хагари, пренесе Си-Ен-Ен.
⚡️BREAKING
Second wave of Shahed-136s have been launched from several provinces of Iran toward Israel! pic.twitter.com/3vV1vpim3K
— Iran Observer (@IranObserver0) April 13, 2024
„Доколку откриеме конкретни закани кои имаат пократко време на пристигнување, веднаш ќе ве ажурираме“, рече Хагари. „Бараме од вас да бидете внимателни и да ги следите упатствата на командата на Домашниот фронт. Ги разбираме овие закани и сме се справиле со нив во минатото“.
⚡️BREAKING
Shahed-136s are now in the Iraqi airspace! pic.twitter.com/wQtEvJyaGN
— Iran Observer (@IranObserver0) April 13, 2024
Аналитичарот за политички и глобални прашања на Си-Ен-Ен, Барак Равид, исто така рече дека Иран го извршил нападот користејќи десетици беспилотни летала, цитирајќи четворица американски и израелски официјални лица.