I respektova të gjithë qytetarët e Maqedonisë – Пендаровски почна да ја води кампањата и на албански јазик

Кандидатот за претседател од СДСМ Стево Пендаровски и актулен шеф на државата Стево Пендаровски од денеска почна на социјалните мрежи да ја води својата кампања двојазично и на македонски и на албански јазик.

,,Се залагав и работев сите етнички заедници да имаат еднакви можности. Ги почитував сите граѓани на Македонија и не ги делев по ниту една основа. И во вториот мандат ќе продолжам да градам мостови на соживот, разбирање и на почит! Македонија мора да остане земја во која живеат еднакви и рамноправни граѓани”.