Ковачки повикува на митинг: Време е за промени и победи на граѓаните на Македонија

Време за важни одлуки. Време е за промени и победи на граѓаните на Македонија и ВМРО-ДПМНЕ.

Од денеска започнува крајот на националните понижувања, на газењето на македонското национално достоинство и на газењето на Македонецот, повикува Драган Ковачки.

Време е за нова иднина. Време е за нова надеж, за проекти и за реформи. Време е Македонија да добие мајка на нацијата. Време е професорката Гордана Силјановска Давкова да стане претседател на сите граѓани на Македонија.

Македонија горда. Македонија исправена. И секако Европска Македонија. За Македонија повторно да биде твоја вечерва ве повикувам сите во 20 часот пред Влада на големиот сенароден митинг со што ќе ја дадеме поддршката на нашиот кандидат и иден претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова.