156,4 МИЛИОНИ ЕВРА потрошени за магистрални гасоводи, А ГАСИФИКАЦИЈА НЕМА

Државниот завод за ревизија денес излезе со нов извештај, овој пат за тековите во гасификацијата на Македонија. При тоа, државниот ревизор констатира дека од кога е започнат процесот на изградба на магистралните гасоводи во земјата, се потрошени 156,4 милиони евра, а при тоа не се пуштени во употреба.

„Имено, во периодот од 2014 до 2023 година за изградбата на магистралните гасоводи ЛОТ1-61 km (Клечовци- БС5 изграден) , ЛОТ 1 – 36 km (БС5 – Неготино со ГМРС Изградена гасоводна мрежа Постоечки гасовод ЛОТ 1-61 км Клечовци- БС5 изграден ЛОТ 1-36 км БС5 – Неготино со ГМРС Штип и ГМРС Неготино ЛОТ 2-92 км Неготино (Кавадарци) – Битола ЛОТ 5- 78 км Скопје-Тетово-Гостивар ЛОТ 5-34 км Гостивар-Кичево, Одобрение за градење Интерконекција со Грција (DESFA) ЛОТ 3 и 4 Основен проект Штип и ГМРС Неготино), ЛОТ 2 (Неготино (Кавадарци) – Битола) и ЛОТ 5 (км Гостивар-Кичево, Одобрение за градење) склучени се договори и анекси кон договорите, како и договори за непредвидени и дополнителни работи во вкупен износ од приближно 156,4 милиони евра. Најголем дел од нив иако се изградени сѐ уште не се ставени во употреба“, констатира ревизијата на ДЗР.

Причини за ваквата состојба, според државниот ревизор, се слабостите во делот на запишување на правото на сопственост на линиските инфраструктурни објекти, но и бавното решавање на предметите за експропријација за коишто во периодот од 2018 до 2022 година биле исплатени приближно 2 милиони евра.

Утврдени се и слабости во следењето на реализацијата на договорите за изградба и надзорот над изградбата на магистралните гасоводи, како и во начинот на одржување на гасоводната мрежа.

Не е завршен ниту гасоводниот прстен околу главниот град, затоа што , според извештајот, немало доволна координација со Град Скопје. Овој прстен треба да поминува преку нова сообраќајница, поради што треба да се прават дополнителни трошоци.