Укината пресудата за „Меѓународен сојуз“: Прифатена жалбата на Боки 13, Ременски ослободена

Апелација ја укината пресудата за „Меѓународен сојуз“. Уважени се жалбите на Бојан Јовановски – Боки 13 и татко му Миле Јовановски, Јасна Ерцеговиќ-Мандиќ и за Христина Блажевска –   кои се првостепено осудени, а апелационите судии ја потврдија ослободителната пресуда за екс-пратеничката на СДСМ, Фросина Ременски.

„Истовремено, Апелациониот суд Скопје, со решение ги уважи жалбите и на правното лице „Меѓународен сојуз“ кој Кривичниот суд го задолжи да плати еден милион денари.

Првостепената пресуда за предметот „Меѓународен сојуз“ беше доденесена во април пред две години. Скопскиот кривичен суд го осуди Боки-13 на 9 години затвор за измама и перење пари. Директорката на невладината „Меѓународен сојуз“, Јасна Мандиќ-Ерцеговиќ, која доби казна-затвор од 4 години за помагање, една година затвор доби и Христина Блажевска како соработничка на Боки-13. Таткото на Јовановски доби условна казна затвор од две години, која ќе се изврши ако во следните пет години направи друго кривично дело. Ослободителна пресуда судот изрече на Фросина Ременски, која беше обвинета за помагање во делото измама. Судот пресуди дека обвинителството за неа не успеало да го докаже делото по кое таа се товареше.