Малата Данка видена во Виена? Полицијата на нозе по најновите информации!
Српските медиуми известуваат дека во Виена е видено девоче кое наликува на исчезнатата Данка придружувана од две Романки.
Полицијата синоќа стапила во контакт со австриските колеги и му ги испратила на Европол сите податоци и видеото.
Интензивно се работи на идентификување и лоцирање на девојчето.
Оваа информација е добиена на 6-ти ден од потрагата по девојчето Данка Илиќ за кое од вторник не се знае ништо.
Данка Илиќ последен пат е видена во вторник околу 13 часот и 45 минути во Бањско поле. Во моментот на исчезнувањето таа носеше виолетови панталони, маслинесто зелена јакна и косата врзана во опавче.
Системот „Најди ме“ за прв пат е активиран во Србија поради нејзиното исчезнување, а како што е наведено на сајтот „pronadjime.mup.gov.rs“, девојчето има кафена коса, кафени очи и е висока околу 85 сантиметри.
Откако се појави видеото од девојче снимено во Виена, а во придружба на две жени, кое наликува на исчезнатата Данка Илиќ (2), за „Курир“ проговори нејзиниот дедо.
„Не знам ништо, додека не биде официјално објавено, не можам многу да кажам за тоа“, рече кратко, а на новинарското прашање дали знае за што точно се работи, како и дали имал го видел објавеното видео, рекол дека не го погледнал.
Снимката ја коментираше и вујкото на девојчето:
„Го видов видеото. Додека не се утврди дека е Данка 100 отсто, не ми е полесно… Видеото е премногу матно“, изјави за „Блиц“ Стефан Драгомировиќ, вујкото на исчезнатата Данка Илиќ за видеото од Виена на кое наводно се гледа девојчето од Бор.
Откако се појави видеото од Виена, од сите страни доаѓаат реакции. За семејството на исчезнатото девојче секако е трошка надеж дека детето е живо, но неизвесноста се уште е присутна.
„Да чекам вести ми е многу тешко“, вели Драгомировиќ.
Како што додава, не знае дали мајката на Данка Илиќ го видела видеото.
„Не знам дали го видела видеото или каде е “, додава тој.
Тој ги коментираше сличностите меѓу девојчето од видеото и неговото внуче.
„ Па, косата и одењето се слични“, додаде тој.
„Курир“ пишува дека семејството нема роднини во Виена.
Полицијата ги презела сите мерки за проверка на добиените информации. Исто така, се замолуваат сите кои живеат во Виена доколку ја видат Данка да пријават во полиција.
Данка има 2 години, кафеава коса и кафени очи, висока е околу 85 см.