Нови набавки за дигитални учебници се објавени без наставни програми
Цели 5 години ДУИ и СДС не успеваат да обезбедат учебници по странски јазици во основното образование. Но, откако набрзина ги променија сите програми за сите странски јазици, за сите одделенија во основното образование, ја поништија и последната набавка. Иако истата беше распишана уште во мај 2023 година, истата дури сега ја поништија, со образложение дека немале предвидено средства за таа намена. Замислете, 5 години не можат да предвидат средства за нешто што е законска обврска!, обвини Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.
Но, затоа можеа да предвидат милионски суми за нови дигитални учебници. Да ја потсетиме јавноста за онаа набавка од 500.000 евра за дигитални учебници, кои никој не ги користеше. Сега повторно, на истата фирма и се доделени фантастични 800.000 евра. Иако првиот пат беа изработени дигитални учебници за 4-то одделение, со новата набавка повторно на истата фирма и се доделуваат средства за дигитални учебници, повторно за 4-то одделение!
И тука не запираат сомнителните тенденциозни набавки! Знаејќи дека наскоро ќе бидат опозиција, ДУИ и СДС решаваат да направат уште една јавна набавка, повторно за дигитални учебници, но овој пат за непостоечки учебници. Иако наставните програми за 7, 8 и 9 одделение не се објавени, иако учебници за овие одделенија не се направени, сепак тоа не ги спречува да предвидат милионски суми за дигитални верзии на непостоечките учебници. Сето тоа е предвидено во јавна набавка не за една, туку за наредните три години!
МОН треба да одговори дали и овој тендер планираат да го поделат со истата фирма, или овој пат тоа планираат да го сторат со исто така друга добро позната фирма на која своевремено и доделија фантастични 5 милиони евра за превод на учебници?Затоа почитувани време е за промени, а одговорност ќе мора да има.