„Злато татино, тато ќе те најде! Свету мој мал!”, со вакви потресни зборови се обрати за прв пат таткото на Данка, исчезнатото двегодишно девојче од Бор, Србија.
Надеж и позитивни вести од обемната истрага нема.
Данка исчезна вчера во 13,45 часот додека била со нејзината мајка, која само кратко ја оставила Данка да му даде вода на синот. Од тогаш се губи секаква трага на девојчето.
Не се верува дека мотивот може да е киднапирање и барање откуп, зашто семејството не било богато ситиурано.
Вчера прв пат во Србија беше покренат и системот „Пронајди ме“ за итно известување на јавноста, која пред пет месеци беше пуштен во функција.
На терен се вклучени полицајци, пожарникари-спасувачи, припадници на планинската спасувачка служба, припадници на Жандармеријата со кучиња трагачи, ловџии и бројни граѓани. Во потрагата по девојчето се користат и хеликоптери и беспилотни летала со термо камери.