Овој ден е посветен на Светиот великомаченик Теодор Тирон, кому црквата му се поклонува на 1 март. Во саботата на Теодор се празнува споменот на неговото јавување на епископот Евдоксиј, во првата сабота од првата недела на Великиот пост, пишва српски Блиц.
Се верува дека свети Теодор е светец-заштитник на добитокот, особено на коњите, па затоа овој ден се нарекува и Ден на коњот – кога коњите не се впрегнуваат , туку само се јаваат. Во некои села се јаваат коњи и се покажуваат по селата.
Народни обичаи
Некои преданија велат дека свети Теодор имал моќ да ги контролира змиите, па кога ќе видел како ги гризат луѓето, им ги одемал нозете. На Тодорица, како што ја нарекуваат и Тодорова сабота, се верува дека змиите првпат излегуваат по зимскиот сон.
На денешен ден во селата се приготвува жито, како и за секоја прослава. Се прави и колач на кој задолжително има украси во форма на коњ или потковица. Тодорова сабота спаѓа во оние празници кои го слават почетокот на летниот период. Во сабота на Тодорица жените не смеат да ја мијат косата, да не се пали оган во куќата (бидејќи демоните не сакаат чад), а децата мора да се капат пред коњските трки. Друга приказна вели дека тоа е денот кога штрковите ги потковуваат своите невидливи коњи, пред големото патување, за да пристигнат во нашиот крај за Младенци. Мнозинството верници утре ќе се прекрстат и ќе се откажат од многу работи за да му оддадат чест на овој светец.
Денес е ден за причест на христијаните.