Групата Исламска држава ја презеде одговорноста за смртоносниот вооружен напад во концертната сала во Москва во петокот, во кој руските власти соопштија дека загинале најмалку 40 луѓе, пренесе Гардијан.

Борците на ИД „нападнаа голем собир… на периферијата на руската престолнина Москва“, се вели во соопштението на групата на апликацијата за пораки Телеграм потврди Тајмс оф Израел.

Меѓу убиените има и деца, пишува рускиот медиум Фонтанка, повикувајќи се на Нина Останина, пратеник во Државната дума, Долниот дом на парламентот.