АКАДЕМИЈАТА ЗА СУДИИ ИМА 105 БОДОВИ, за да ги направаат судии роднините и соработниците на Рамиз Мерко
Академијата за судии создава правна несигурност со дупло бодување предвидено во член 45 од законот, пишува пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, кој наведува дека Законот за Академија за судии има контрадикторен член 45 кој во ставовите 9 и 13 пропишува 105 бодови од полагањето на практичниот испит, а ставот 14 на истиот член императивно наведува дека "на практичниот испит можат да се освојат најмногу 100 бода˝. Ова со право на секој кандидат за слушател во Академијата ќе му даде основ за покренување на тужба, пишува Милошоски.
Тој смета дека прво согласно член 8а од Изборниот законик полагањето на овие испити да се стави во мирување до завршувањето на изборите (бидејќи овие испити се дел од постапка за вработување), и второ, раководството на Академијата за судии итно да ги извести неспособните министер и заменичката во Правда, дека неодложно е потребна амандманска корекција на член 45 од Законот за АСЈО за истиот да биде спроведлив и да не создава правна несигурност при бодувањето на кандидатите за идни судии и обвинители.
Задачата за „штелување“ испитни бодови има ја имаат доделено на Џелал Бајрами и на директорката Габер-Дамјановска.
Брзајќи да ги направаат судии роднините и соработниците на Рамиз Мерко (од ДУИ), раководството на Академијата за судии и обвинители (АСЈО) денес ќе одржи седница за да ги одреди датумите за полагање на квалификацискиот тест и на практичниот испит.