Тажна вест: Почина младиот кикбоксер Марко Тодоров

Веста за неговата смрт ја сподели и етаблираната модна креаторка Ивана Кнез.

Домашната јавност ја потресе уште една тажна вест за прерано згаснат живот, почина младиот кикбоксер Марко Тодоров.

– Почитувани пријатели, последната борба ја изгубивме. Утре, 10.03.2024 во 13:30 часот во капела 1 Бутел е последниот поздрав со нашиот борец Марко. Нека почива во мир!, стои во објавата на социјалните мрежи, каде од него се простуваат најблиските и пријателите.

Во ноември 2018 година, Марко Тодоров го освои златниот медал на Меѓународниот кик бокс турнир „Трофеј на Белград“.

Comments are closed.