Генералниот секретар на ЕПП Антонио Лопез со поддршка за новиот статут на ВМРО-ДПМНЕ
Генералниот секретар на ЕПП Антонио Лопез Истуриз преку својот Твитер денеска му даде поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и неговиот нов статут.
Имено тој направи ретвит на твитот на Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ кој напиша дека ако се стремиме да бидеме дел од Европската унија ние мораме прво да ги имплементираме демократските стандарди во земјата и партијата.
Според него овој чекор и новиот статут на ВМРО-ДПМНЕ е прогресивен чекор за исполнување на демократските цели на сестринската партија ЕПП.