Чистачка во Конзулатот на Бугарија во Битола интервјуирала кандидати за бугарско државјанство
Хигиеничарка во Конзулатот на Бугарија во Битола вршела интервјуа со кандидати за добивање бугарско државјанство, откри пратеникот од бугарската партија Преродба, Ангел Георгиев.
Како што пренесуваат денеска медиумите во Бугарија, на оваа негова забелешка и пратеничко прашање, вицепремиерката и шефица на дипломатијата Марија Габриел потврдила дека имало системски пропусти во бугарскиот конзулат во Битола, и дека чистачката веќе нема пристап до архивата и конзулската служба.
Според Габриел, од увидот направен во конзулатот, не биле утрдени директни докази дека чистачката ги интервјуирала кандидатите за бугарско државјанство, но потврди дека имало „застрашувачки прекршувања“ кои се недозволиви во дипломатските служби.
Пратеникот Георгиев тврди дека хигиеничарката Весна Котевска, вработена во бугарскиот конзулат вршела интервјуа со кандидати и како резултат на тоа имало многу одбивања.
Бугарското национално радио јави дека извештајот од контролата во Кознултатот во Битола е испратен до Иснпекторатот на Министерството за правда и оти се очекуваат санкции за одговорните.