Не доаѓала медицинска сестра, побарал помош на 112: Пациент паднал од кревет во велешката болница, Стојанче му испратил Брза помош
Бизарен и чуден повик пред неколку дена имале вработените во 112, откако кај нив се јавил пациент со тешки повредени на рацете и грбот, сместен во велешката болница, кој паднал од креветот но два часа никој не дошол да го крене.
Ова во поткастот на „Сакам да кажам“го открива директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.
Како што вели Ангелов на бројот 112 се јавило лице кои пријавило дека паднало и не добива никаква помош. Кога вработените во 112 го прашале каде се наоѓа за да испратат помош, лицето рекло дека е во болницата во Велес.
Нашите оператори мислеле најпрво дека станува збор за некое недоразборањ,е оти како е можно лице кое е згрижено во болница да бара помош? Но, навистина било така. Лицето било примено во болницата, но во текот на ноќта паднал од кревет и барал помош од сестра и доктор. Никој не доаѓал два часа. Успеал да дојде до мобилниот телефон и се јавил кај нас. Имал шипки во рацете и ‘рбетот. Кога нашите го префрлиле повикот во Брзата помош, тие биле збунети како сега да одат во болница да интервенираат. Нашите го контактирале и обезбедувањето, но тие немале соодветен клуч и не можеле да влезат. Настанала вистинска драма која траела 40 минути додека влегла Брзата помош. Нашите мислеле дека умрел пациентот оти одредено време го немало на линија, а тој го исклучил телефонот за да ја зачува батеријата. На крај, овој бизарен случај се заврши успешно, Брзата помош спаси пациент кој падна од кревет во велешката болница, вели Ангелов.
Директорот Ангелов за бизарниот случај го раскажува во поткастот на САКАМДАКАЖАМ.МК во 57-та минута во видеото подолу.