Силјановска Давкова со благодарност за огромната поддршка

Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Професор Гордана Силјановска Давкова, на својот фејсбук профил објави видео во кое се заблагодарува на огромната поддршка дадена денес со собирањето потписи за нејзината кандидатура.

„Голема благодарност за поддршката! Мислам дека е во прашање човечки и граѓански пркос, меѓутоа уште повеќе надеж дека пред нас се големи промени.
Мислам дека е тоа знак за длабоки реформи. Уште еднаш се докажа дека овој народ не заслужува ваква власт. Народот легитимира, народот делегитимира. Јас сум му бескрајно благодарна за легитимацијата.
Верувам дека речта е прва и дека веројатно и тие веруваат дека она што го зборувам ќе го направам“, напиша Силјановска Давкова.