Зијадин Села повика на протестен марш: Кога нема правда во институциите, таа се бара на улиците
Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, ги повика симпатизерите на партијата да излезат на протестниот марш поради изборниот ден и пребројувањето на гласовите на предвремените парламентарни избори.
На социјалната мрежа Фејсбук, тој сподели постер со стисната тупаница на кој е и напишано дека протестот почнува в понеделник во 18 часот, од паркот во Чаир.
Во повикот, тој вели и дека ќе се протестира против „изборната мафија“.
Кога нема правда во институциите, таа се бара на улиците! Народот секогаш го освојува своето право! Гласовите се украдени како и секогаш! Крадците се исти! Но… народот се смени! Ова е крај на изборната мафија!, напиша Села на Фејсбук.