Маја Јорданова, службеничка од „Пошта“ добила бизнис од Електрани вреден 7 милиони евра
Истражувачката репортерска агенција (ИРЛ) открива потенцијален скандал со тендерите во ЕСМ каде е замешана службеничка вработена во Пошта. Во нивното истражување велат дека Маја Јорданова од Велес која од пред три години е вработена во АД Пошта врти милионски бизнис со државната ЕСМ.
Таа како сопственичка на компанијата „Браинкоде“ ќе увезува адитив од Италија кој за прв пат ќе се користи во двата енергетски капацитети како замена за мазутот.
Фирмата „Браинкоде“ нема ниту еден вработен, претходно тргувала со канцелариски материјали, а откако почнува да работи со хемиски производи лани склучила три договори со ЕСМ вредни речиси седум милиони евра како единствен понудавач.
ИРЛ открива дека седиштето на „Браинкоде“ се наоѓа во семејна куќа во скопската населба Ѓорче Петров каде на истото место се регистирани повеќе фирми, чии сопственици или управители се луѓе од Велес.
Целиот текст на irl.mk