Убиство во кумановско: Брат пукал во сестра си и нејзините синови
ри лица денеска се застрелани, а двајца од нив починале, откако брат пукаше во својата сестра и нејзините два сина во кумановското село Габреш.
Од МВР за Курир потврдуваат дека е случено убиство.
Осомничениот Д.Ѓ. (66) е лишен од слобода
-Поради нерасчистени имотно правни односи Д.Ѓ. (66) пукал од огнено оружје кон неговата сестра Д.Р.(63), и нејзините синови Ж.Р.(36) и Т.Р.(38). Итна медицинска помош констатирала смрт кај Д.Р. и Т.Р., информираат од МВР.
Ж.Р. (36) со повреди е пренесен во Општа болница Куманово.
Полициски екипи вршат увид.