Мицкоски: Народот живее тешко и сиромашно, мора да ја вратиме надежта
Мицкоски посочи дека потешкиот дел допрва доаѓа затоа што граѓаните се разочарани и сите заедно се сложуваат дека немаме држава, дека тешко живеат и дека мора да се врати надежта.
Бројките на мерењата на јавното мислење, т.е. анкети јасно покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е фаворит за следните парламентарни избори, кажа претседателот Христијан Мицкоски во гостување на утринската емисија „Здраво Македонијо“ на Канал 5 телевизија.
-Бројките на анкетите се такви какви што се, јавноста ги знае, ВМРО-ДПМНЕ е голем фаворит за следните парламентарни избори коишто ќе се случат за нешто помалку од или би рекол нешто повеќе од 2 месеци, некаде околу 44-45 дена имаме до почеток на кампањата за првиот круг претседателски избори, рече Мицкоски.
Во текот на своето гостување претседателот Мицкоски посочи дека потешкиот дел допрва доаѓа затоа што граѓаните се разочарани и сите заедно се сложуваат дека немаме држава, дека тешко живеат и дека мора да се врати надежта.
-Но тоа е само полесниот дел ја би рекол во целата оваа политичка состојба затоа што потешкиот дел доаѓа потоа бидејќи од тоа што можеме да го видиме на тие анкети, граѓаните се прилично разочарани, сите се сложуваат околу една работа, дека немаме повеќе држава, сите се сложуваат дека имаат чувство дека како да се граѓани од втор ред, сиромашно тешко живеат, кажа Мицкоски.