Власта во заминување направи „пепел“ во ЕСМ после 150 милионскиот тендер, на омилената фирма „Марковски“ и дале уште еден од 4 милиони евра
Уште еден милионски тендер во РЕК Битола за Марковски компани. Во АД ЕСМ продолжуваат епизодите со милионските договори за јавни набавки со нивната омилена фирма – МАРКОВСКИ КОМПАНИ Борче ДООЕЛ од Битола, како да се работи за индиска серија, ова денеска преку прес-конференција за јавноста го истакна Стевче Антовски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Овој конзул на држава под санкции на ЕУ изминативе години додека СДС и ДУИ се власт свртел стотици и стотици милиони евра тендери во РЕК Битола. После оние 150 милиони евра кои ВМРО-ДПМНЕ ги објави пред два дена, следуваат нови 4 милиони евра. Власта во заминување направи пепел, народните пари безмилосно ги троши. Но, после изборите на 8-ми мај одговорност ќе има за сите кои се огрешиле пред правдата. Имено, пред два дена објавивме дека власта во заминување на СДС и ДУИ непосредно пред избори подготвува два тендери во РЕК Битола од 9 милијарди денари. Седум години РЕК Битола е „непресушен“ рудник за богатење на олигарсите на ДУИ и СДС. Во изминативе години ЕСМ потроши стотици милиони евра на тендери за ископ на јаглен и ангажирање помошна механизација во четири очи. И покрај тоа што СДС дојдоа на власт со ветување дека ЕСМ ќе набави сопствена механизација за да се намалат трошоците за ангажман на надворешни компании, тоа не се реализира“, вели Антовски.
Тој додава дека од овие мултимилионски јавни набавки на ЕСМ во изминатиов период најголеми придобивки имаа неколку компании, најчесто на тајкуните од земјите блиски до Русија и блиски до фамилијата на екс премиерот.
„Најпрво СДС и ДУИ на мала врата, незаконски и на сила сакаат да спроведат тендер за набавка и увоз на јаглен од 6 милијарди денари, со кој ќе доделат тендер за ископ на јаглен и јаловина на омилена фирма на еден конзул на земја под санкции на ЕУ. Потоа следеше нов тендер од 46 милиони евра, за сега да следи трет тендер во висина од 4 милион евра. „Европскиот фронт“ е само на хартија, а во реалноста оваа власт дава милиони на бизнисмени поврзани со Русија и нивни сателити. После победата на 8-ми мај и формирањето на новата Влада од страна на ВМРО-ДПМНЕ, ветуваме дека за секој што се огрешил пред законот ќе има одговорност. Уште еднаш ги предупредуваме и сите инволвирани во подготовката на оваа КРАЖБА НА МИЛИЈАРДИ НАРОДНИ ПАРИ да размислат што потпишуваат, бидејќи никој нема да биде поштеден од одговорност за подготвување и потпишување на вакви криминални ЈАВНИ НАБАВКИ“, истакна Антовски.