ОД ПОЛНОЌ НОВИ ПОСКАПИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА

Малопродажната цена на „еуросупер-98“ од полноќ ќе изнесува 85,50 денари за литар.

Регулаторната комисија за енергетика денеска ја зголеми за 2 денари по литар цената на бензинот „еуросупер-98“. И сега неговата цена во малопродажбата изнесува 85,50 денари за литар. Цените на бензинот од 95 октани, дизелот како и маслото за домаќинства и мазутот не се менуваат.

Малопродажните цени на бензинот„ еуросупер-95“кој поскапи пред два дена овој пат останува иста 83 денари за литар. Цената на дизелот е иста како и претходно и изнесува 79,50 денари за литар, а маслото за домаќинствата ќе се продава по цена од 76,50 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 40,732 ден/кг.