ТРАГЕДИЈА ВО СЕМЕЈСТВОТО НА МАКЕДОНСКИОТ АКТЕР И ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК ТАЛЕВСКИ: Почина неговата ќерка

На 39 годишна возраст, од срцев удар денеска во 15.00 часот ненадејно почина Марија Талевска Мурговска, ќерка на поранешниот градоначалник на Битола Владимир Талевски, кој одлежува казна затвор.

Погребот е утре, на гробиштата во Битола.

Марија е сопруга и мајка на син.

Поранешниот градоначалник Владимир Талевски ќе го пуштат со придружба од затворот да присуствува на погребот на неговата 39 годишна ќерка Марија.

Оваа кобна вест е секако последица на малтретирањето што го помина целата фамилија Талевски и Мурговски заради политички реваншизам, започнат од поранешното СЈО.

Апелациониот суд Скопје по 3 години во 2022 година, донесе правосилна пресуда за случајот „Транспортер“, со која обвинетиот градоначалник Владимир Талески отиде на издржување на 7-годишна затворска казна.

Во овој случај има и конфискација на нелегално стекнати пари, во износ од над пола милион евра.