Таче е светски феномен: За техничката влада која не сакаше да биде укината вели дека може да падне

Довчерашниот премиер Димитар Ковачевски е светски феномен.Тој откако одби да се укине техничката влада што беше барање на опозицијата вели дека оваа влада била светски феномен и оти може да падне поради случувањата во коалицискиот партнер Алијанса за Албанците.

Техничката влада кај нас е светски феномен, што не постои никаде во свет и сметам дека би бил уште еден светски феномен влада што е задолжена за да организира избори успее да падне, изјави Ковачевски .

Да, ова е точно. Но,оваа влада која е наследство од неговиот претходник Зоран Заев можеше да биде укината пред овие избори да не беше ветувањето на истиот тој Заев кон Али Ахмети по изборите во 2020 година како услов ДУИ да го поддржи СДСМ.

Заев е познат дека држи до зборот и не сакаше да ја расипува бесата што му е даде па така премиер стана Албанец.Тоа за ДУИ беше единствено важно, а не кој ќе биде.На крајот се одлучија за поранешниот командант на УЧК Талат Џафери.

Но, и оваа влада, каква-таква е на стаклени нозе.СДСМ и Ковачевски навистина се феномени.