(Видео) Втор ден штрајк на ФЗО, приватните матични лекари со поддршка, Дервишова: Наместо да се преземат чекори со кои би се задржале лекарите во земјата, дополнително се стимулира одлив на кадар
Фондот за здравство ги затвори вратите – нема исплати на боледувања и рефундации, а нема ниту плати и капитација за лекарите. Вработените во Фондот стапија во штрајк.
Од синдикатот велат дека не отстапуваат од барањето да не им се намали платата за 21 отсто како што предложи Владата.
Според нивните пресметки со кратењето на платите ќе се дојде до сума од еден и пол милиони евра што е помалку од половина отсто во вкупниот Буџет за Фондот за здравство.
Тврдењата на Министерството за финансии дека поради нивните плати нема да има за лекови ги отфрлија како груби невистини и манипулации.
Како единствен услов за да престане штрајкот е министертвото да се откаже од најавеното кратење на платите.
Голем дел од осигурениците вчера залудно затропаа на вратата на подрачните единици низ земјава иако беше кажано дека еден вработен ќе биде задолжен за итните случаи како пријава на малолетно лице како член во осигурување, регулирање на осигурување за хоспитализирано лице и лекување во странство за итни случаи.
Приватните матичните лекари го поддржуваат штрајкот на вработените во ФЗО. Сметаат дека владата треба да ја преиспита својата одлука. Смета дека со ова дополнително се долева масло на огнот и наместо да се преземат чекори со кои би се задржале лекарите во земјата дополнително се стимулира одлив на кадар.
Извор: Телма ТВ