КАКО ДРИН АХМЕТИ ЛЕГАЛНО КУПИЛ ПИРОТЕХНИКА? Обвинителството се уште нема одлука што ќе прави
До каде е случајот со внукот на Али Ахмети, Дрин за пиротехниката со која беше фатен? Според информациите обвинителот се труди да најде докази од каде бизнисменот Дрин Ахмети ги купил петардите и огнометите со кои беше фатен на „Пластичарска“, па ќе одлучи дали ќе го гони кривично.
Тој бил на распит, потврдуваат од Обвинителството, а „Скопје 1“ дознава дека негирал вина и кажал дека набавката била легална и немал вина.
Од Обвинителството велат дека откако ќе ги соберат сите докази, ќе одлучат што ќе прават понатаму.