Нема крај на манипулациите: НА СИТЕ ВО ФОНДОТ ДА ИМ СЕ НАМАЛИ ПЛАТА ЗА ДА ВЛЕЗАТ 61 ПАРТИСКИ АКТИВИСТ
Комбинации како да се напика партиски кадар во државна администрација до последен ден на мандатот на СДСМ и ДУИ. Една од најновите е на сите да им се намалат платите за да се примат нови партиски активисти.
Сите од вкупно 831 вработен во Фондот за здравство се загрижени за нивните примања, кои на предлог на Министерот за Финансии треба да им бидат намалени за 21% – 6000 денари просечно по човек.
Истовремено е распишан конкурс за НОВИ ВРАБОТУВАЊА во ФЗОМ и тоа не еден или двајца, туку 61 ново вработување.
Намалувањето на платите е удар врз животниот стандард на 831 вработен. Апсурдот е во несфатливоста на процесот кој го наметнува Министерот за Финансии и Владата.
Дали тоа значи дека со намалување на платите на 831 вработен за 21% СДС и ДУИ треба да обезбедат средства за нови 61 партиско вработување?!
Резултатот:
Фондот ќе колабира. Граѓаните нема да можат да земат лек на рецепт на први февруари, нема да можат да се прават исплати од ФЗО кон граѓаните кои на пример користеле боледувања, нема да се исплаќаат рефундации за лекови, нема да се прават исплати ниту кон здравствените институции.
Ја следиме ситуацијата и согласно сите законски процедури ќе преземеме активности за проверка на веродостојноста и оправданоста на овие нови вработувања!