Сите кај Курти: Се приклучува ли Таравари на албанската опозиција?

Лидерите на Европскиот сојуз за промени (ЕСП), Изет Меџити, Билал Касами и Африм Гаши и претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, вечeрва во Приштина имале средба со косовскиот премиер Албин Курти.

-Во многу пријателско опкружување, разговаравме за политичките случувања во нашите земји, за соработката што ќе придонесе за унапредување на положбата на Албанците во Македонија, економскиот развој на двете земји и факторизацијата на Албанците во регионот. Сите заедно ни претстои голема работа и обврски, објави Касами за средбата на неговиот фејсбук профил.

Oбјавена е i фотографија од средбата на која се наоѓаат лидерите на ЕСП и Таравари со Курти, а присутен е и претседателот на косовскиот Парламент Глаук Коњувца.

-Доаѓа. Доаѓа. Големата промена доаѓа, пишува на објавената фотографија.

Лидерот на Демократското движење, Меџити, за Клан Косова изјави дека посетата е на поканата на косовскиот премиер, Албин Курти