(ВИДЕО) Поради влошување на здравствената состојба на таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски, судењето за „Меѓународен сојуз“ е прекинато
Поради влошување на здравствената состојба на таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски, судењето за „Меѓународен сојуз“ е прекинато на 30 минути, објавува ТВ 21.
Набрзо дојде и брзата помош која интервенираше.
Не е познато дали судењето ќе продолжи.
Денеска е давање на воведни зборови за предметот, во кој обвинети се Бојан Јовановски, Фросина Ременски, Јасна Мандиќ, Кристина Блажевска и Миле Јовановски.