„СДСМ ДОЗВОЛИ УШТЕ ЕДНО ПОНИЖУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, само за да си ги спасат коруптивните зделки“
Вчера, со гласањето на Талат Џафери за технички премиер, СДС дозволи уште едно понижување на македонскиот народ, само за да си ги спасат фотелјите и коруптивните зделки, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Вчера, со гласањето на Талат Џафери за технички премиер, СДС дозволи уште едно понижување на македонскиот народ, само за да си ги спасат фотелјите и коруптивните зделки. Верните слуги на ДУИ, вчера го направија македонскиот народ кираџија во својата држава и дозволија партија, која нема број на пратеници, а ни гласови да има премиер на државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Потенцираат дека СДСМ е партија која е се, само не е европска, партија на насилници, кои упаѓаат во институции да се пресметуваат, каде има коруптивни функционери, кои само мислат како да приграбат, што повеќе милиони и имоти за себе и своите деца и внуци.
Талат Џафери е синоним за политичар и личност, кој е недостоен да биде на ова место. Човек кој е близок со криминалното подземје, каде често и се слика со нив, човек кој по потреба ги кршеше законите и Деловникот во Собранието, човек кој си ја вработи ќерката во ЕЛЕМ, а синот полагаше правосуден испит без диплома за завршен факултет, човек кој го блокираше и законот за бранителите, со читање на поезија од говорница, нагласуваат тие.
Според нив народот после се што помина, со право смета дека нема држава но ќе го издржи и Талат Џафери 3 месеци, а после тоа граѓаните со својот глас, јасно и гласно ќе ја искажат својата волја и сите овие криминални структури ќе ги пратат во историјата, по што ќе следува и одговорност.
Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме, стои во соопштението.