Готова е првата руска вакцина против Ковид19

Првата руска вакцина против коронавирусот, направена од воени експерти и научници од Националниот институт за епидемиологија и микробиологија Гамалеја, е подготвена, соопшти денеска рускиот заменик министер за одбрана Руслан Цаликов.

Тој рече дека експертите и научниците од Националниот центар за истражување ги извршиле последните проверки и тестирања, дека сите доброволни приматели на новата вакцина развиле имунолошки одговор на коронавирусот и оти се чувствуваат добро – Пренесува весникот “Независен”.

Извор – “Независен”