Лица од МВР и државни институции СОРАБОТУВАЛЕ СО КРИМИНАЛНА НАРКО ГРУПА

Лица од повеќе државни институции, вклучувајќи го и МВР, соработувале со криминалната нарко-група која веќе е разбиена, во акција од страна на специјалните единици на МВР со помош на обвинителството.

Криминалната нарко-група броела 16 лица од кои седум се веќе уапсени, а и останатите ќе бидат лишени од слобода,

Според министерот Оливер Спасовски утврдено е кои се лицата и тие не доаѓаат само од МВР, туку некои се и од други министерства, судови, јавни обивнителства.

– Утврдивме лица од институции на државата кои ги пренесувале податоците, односно биле соработници на криминалните активности на групата. Ова е почетокот на чистењето на криминалните структури во системот и јакнење на довербата кај граѓаните, рече тој.

Спасовски вели дека ќе има нови активности и јавноста ќе биде зачудена од имињата.

Правдата мора да го стигне секого. Има иновлвирани во многу институции, и во МВР и во други агенции и во министертства и во судови, и во јавни обивнителства,… Затоа реков, можеби ќе се зачудите во нардениот период, но тоа еднаш мора да излезе на виделина и да се покаже кои се тие кои во одреден момент велеа „држете го крадецот, рече Министерот.

Спасовски потенцира дека борбата против криминалот не е работа на позиција или опозиција, на СДСМ, ДУИ или ВМРО-ДПМНЕ и независно од техничката влада, како што рече, неговите колеги од МВР ќе продлжат интезивно да работат на разоткривање на секој случај и на секој човек вклучен во криминална активност.

Comments are closed.