ЛЕСНА И ЕДНОСТАВНА ЗА ПОДГОТОВКА . ДАЛИ МОЖЕТЕ ДА И ОДОЛЕЕТЕ НА ОВАА ТУНА САЛАТА?!
Дефинитивно ова е најдобриот рецепт за салата од туна. Тоа е класичен рецепт со едноставни, вкусни состојки кои секој ги има во својот дом. Класичен рецепт за салата од туна е едно од најубавите но и лесни ручеци или предјадења. Не само што создава супер вкусен оброк, туку е полн со протеини и не одржува сити со часови, а леснотијата е во тоа што не се потребни комплицирани методи или состојки, а најголем шмек дава вкусот на леплебијата.
Потребни состојки:
- 500 грама леблебија
- 2 конзерви туна
- 1 голема црвена пиперка исечкана на коцки
- 75 грама исечкан кромид
- 15 грама исечкан свеж магдонос
- 120 милилитри сок од лимон
- 4 лажици маслиново масло
- Мешана зелена салата
- Бибер и сол по вкус
Измешајте ги леблебијата, туната, пиперката, кромидот, магдоносот, две лажици маслиново масло и половина од лимоновиот сок. Зачинете со бибер. Останатиот лимонов сок заедно со останатите две лажици масло и солта измешајте ги, па прелијте ја салатата со смесата. На здравје.