Вработените во ЈСП излажани: Платите денеска не легнаа на нивните сметки
Оваа година повеќе нема да се грижите за платите, парите утре ќе ви легнат на вашите сметки“.
Со овие зборови градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, вчера попладне им ја соопшти информацијата на вработените во ЈСП Скопје, кои го чекаа исходот од втора вонредна седница на Советот.
Сепак, според информациите до кои дојде Плусинфо од вработените во ова јавно претпријатие, денеска и по 15:30 часот нема пари на нивните сметки.
Плата и денеска нема, никој не се грижи за нас, едноставно не ги интерсира што ние немаме дома леб да донесеме, банките едвај чекаат да плаќаме казнени поени за кредитите. Навистина е срамота ова што го прават со нас вработените, велат за „Плусинфо“ неколкумина вработени во ЈСП.