ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со СДСМ и Заев секој ден доживува нов пик на заразени од Ковид-19
Македонија со СДСМ и Заев секој ден доживува нов пик на заразени од Ковид-19 Заев и Филипче наместо да се грижат за здравјето на граѓаните се грижат само за своите политички поени. Во сред криза, власта размислуваше политички, а не стручно, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-Ситуација е вон контрола уште од сам почеток, кога СДСМ не го послуша советот на ВМРО-ДПМНЕ и не спроведе масовен скрининг преку обемно тестирање на населението, за навреме да ги одвои сите потенцијално заразени. Вториот бран тргна кога во состојба на смирување на заразата, активисти на СДСМ одеа и делеа поткуп низ цела држава во ек на полициски час. Кршејќи го полицискиот час и Уредбите од вонредната состојба за држење на растојание и носење на заштитна опрема директно го загрозија здравјето на граѓаните. Епилогот од игнорантскиот однос се нови 10 жртви. Со што бројот на граѓани кои ги загубија животите од коронавирусот и несовесноста на власта се искачи на 432, додаваат од партијата.
Од таму потенцираат дека бројките се фрапантни и кога ќе се погледне бројот на заразени, кој се искачи на 9249 лица. Тоа се 7249 заразени повеќе од што прогнозираше Филипче. Македонија оди кон провалија. Со СДСМ здравјето и животот на граѓаните е ставен на коцка.