СО ЧЕТИРИ ПАТИ ПОГОЛЕМ ИЗНОС ЗА ЈСП од Коце Трајановски, Данела Арсовска и Скопје НЕМААТ ПАРИ ЗА ПЛАТИ

Советникот во Советот на Град Скопје од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Филип Јаневски на денешната вонредна седница направи паралела на субвенциите што биле давани на ЈСП во бвремето кога градоначалник бил Коце Трајановски, со ова што сега се случува додека на чело на градот е Данела Арсовсѝка.

„Кога Коце Трајановски бил градоначалник 150 милиони денари биле субвенциите, а сега се 750 милиони денари повеќе. Тоа се 600 милиони денари односно 10 милиони евра повеќе. Па ние во 2022 година изгласавме субвенции од 525 милиони денари, а ЈСП ја заврши годината со загуба од 384 милиони. Па тоа е дупка од над 900 милиони денари“’, дециден е Јаневски…

Тој постети дека на 14 ноември на вонредна седница биле изгласани дополнителни 2 милиони евра за субвенции за ЈСП, на што директорот кажал дека тие ќе бидат за декемвриските плати.

„Првично дадовме 10 милиони евра, па дадов 2 милиони евра и ни беше ветувано дека со тие пари целосно ќе се покрие годината и ќе се заврши.

А, сега ни кажувате дека декемвриската плата не ја земале. И сега се поставува прашањето како успеавте да го доведете претпријатието до ова дереџе“, праша Јаневски пренесе Курир.

Јаневски порача дека нема да ја поддржат точката за дополнително давање на помош на ЈСП, додавајќи дека вработените во ЈСП треба да се обратат до нивниот директор бидејќи тој не им обезбедил плата.

Ние нема да поддржиме ваква точка, не за вработените да не земаат плата, туку тие треба со својот проблем да отидат кај директорот на ЈСП. Тој не им овозможил плата, тој им е директор, порача Јаневски.

Од синдикатот на ЈСП изјавија дека доколку во текот на денешниот ден не бидат исплатени платите за декември, протестот кој започна денеска во 09 часот ќе продолжи… Денеска по 9 часот ЈСП ги повчеле автобусите во гаражите…