ИК на ВМРО-ДПМНЕ одлучи партијата да учествува во техничката влада
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва донесе одлука партијата да учествува во техничката влада, очекуваме таква одлука да донесе и Централниот комитет, изјави потретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски по седницата на партискиот Извршен комитет. Причината за ваквата одлука е што никогаш во Македонија не било полошо, нагласи тој.
Македонија се наоѓа во тешка ситуација. Од криминал, преку корупција, до партизација. Нема нерегуларност која не е направена од страна на власта. СДСМ и ДУИ кои се ромовираат во европски фронт, се на сериозен пат да ја уништат европската иднина на Македонија. Ковачевски и Ахмети вршат влијание и врз судството и врз ЈО. Институциите се користат како алатки за тендери, а МВР е партнер на криминал. Со ваква власт Македонија е се подалеку од ЕУ. Поради сите овие причини, ИК на ВМРО-ДПМНЕ зазеде став да се воздржи од гласањето на техниччката влада, која под водство на Талат Џафери нема никаков легитимитет. ИК ги избра и делагтите за конвенцијата за избор на претседателски кандидат кои ќе бидат 472 лица. ИК донесе одлука и за формирање комисија за преговори со актуелните колаициски партнери, но и сите други партии кои би биле дел од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ – истакна Муцунски.
Македонија се наоѓа во таква лоша ситуација што нема нерегуларност која што не е направена од страна на власта, нагласи Муцунски и додаде дека одлуката за учество во техничката влада ќе значи и именување на партиски лица за функциите во таа влада кои ќе ја надгледуваат регуларноста во предизборниот период.