ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА ОТКРИ КУП НЕПРАВИЛНОСТИ И НЕЗАКОНИТОСТИ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА на Петровска

Државниот завод за ревизија (ДЗР) денеска ги објави конечните ревизорски извештаи на Министерството за одбрана, во кои се наведени клучните утврдени состојби и системски слабости. И за буџетската сметка 637 и 631.

За сметка 637, државната ревизија утврдила башибозук:

-Не е обезбедена цела документација за недвижен имот купен за сместување на мисијата на Македонија во НАТО во Брисел

-Министерството нема донесено сметководствени политики

-нема попис на средства и обврски и не е извршено услогласување на нивната сметковоствена вредност со фактичката вредност

-несоодвтена екипраност на внатрешната ревизија

-ненавремено распоредување на воен и цивилен персонал на служба во Армијата,

-имотот не е осигуран

-јавните набаки и реализацијата на договорите не се согласно законот.

Државниот завод за ревизија наведува дека вредноста на постојаните средства и залихите на материјали во финансиските извештаи не е реална и објективна, обврските кон добавувачите не се целосно прикажани во финансиските извештаи и работењето на Воено медицинскиот центар се финансира од сметката на Министерството.

Како системски слабости, се поосчуваат: носење на закон за вработените во Министерството за одбрана со цел постигнување усогласеност во управувањето со човечките ресурси и работните процеси во одбраната со стандардите на земјите членки на НАТО, продолжување на постапката на донесување измени и дополнувања на Закон за пожарникарство, донесување на статут на Воената академија усогласен со одредбите од Законот за високото образование, неотпочната имплементација на Законот за основање на универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев” во Скопје, донесен 2016 година.

Ревизијата нагласува и прашања за неизвесност и континуитет во одбраната.

За буџетската сметка 631, државниот завод за ревизија констатира дека:

– фактурите по основ на склучени договори за извршување на услуги не се доставуваат редовно до секторот за финансии за нивно сметководствено евидентирање;

– не е воспоставена евиденција со податоци за бројот на службени станови дадени со право на откуп на рати кои потекнуваат од станбениот фонд на поранешна ЈНА и

– за дел од извршените услуги не се склучени договори со кои ќе се регулираат правата и обврските помеѓу Министерството и правните субјекти

Извештаите на Државниот завод за ревизија за Министерството за одбрана се достапни на ОВОЈ ЛИНК