„Злоупотребата на европското знаме од страна на Џафери Е ВЛЕЗЕНА ВО ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕК“

По однос на прашањето зошто треба да гласаме воздржано затоа што Талат Џафери нема демократски капацитет.  Талат Џафери е човекот кој дозволуваше да се злоупотребуваат европски знаменца на Законот за игри на среќа за кој знаеме дека е проект на Артан Груби за негови блиски да бидат во овој бизнис и тоа му го овозможи Џафери, изјави пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во „За или против“ на Алфа.

Милошоски нагласи дека токму таа злоупотреба на европското знаме од страна на Џафери е влезена во извештајот на Европската Комисија за Македонија.

Човек кој овозможил злоупотреба на европско знаме за такви цели не може да биде демократ. Џафери во фиока ја држи точката за избор на член на ДИК. Никогаш досега не се случило Државната изборна комисија  да биде некомплетирана. Џафери требаше во рок од 30 дена по влез на Алијанса во влада, да избере член на ДИК кој припаѓа на опозицијата, но во координација со ДУИ го оневозможува тоа, за да албанските опозициони партии немаат свој член во изборните комисии и да може некаде да се полнат кутии, изјави Милошоски.

Милошоски потенцираше дека воедно со изборот на Џафери се гледа дека СДС е потчинета на ДУИ, бидејќи премиер би требало да доаѓа од поголемата партија и СДС со тоа што му дава на ДУИ прави преседан кој може да биде лош за македонската демократија.

Во однос на ставот на ВМРО-ДПМНЕ за комплетирање на ДИК, тој нагласи дека власта се уште има шанса да се поправи, во спротивно стои предупредувањето за излез од комисијата.

– Се уште останува во игра нашиот став и укажување и апел до властите да овозможат комплетирање на ДИК, затоа што ВМРО-ДПМНЕ може да ги повлече своите членови од ДИК, имаме време и за да не биде срам за државата штетата за угледот апелираме до власта да биде разумна, рече Милошоски.

Запрашан што може да се смени во тие 100 дена техничка влада Милошоски посочи дека може да се спречат многу злоупотреби на власта.

– Во тие 100 дена може да се направат многу работи, може да се минимизира самоволието на власта кое го гледаме сега од страна на ДУИ и СДС, може да се отворат податоци кои власта ги држи тајни, може да се види што се случило. Може да се побара лицата во бегство што побрзо да се најдат, гледаме дека МВР калкулира со лицата од нападот во М-НАВ. Министрите за внатрешни и труд и социјала кои ќе ги предложи ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат тешки задача но ќе бидат спремни на таа задача да одговорат.  СДС и ДУИ ја гушат демократијата и влегувањето на ВМРО-ДПМНЕ во техничката вада не е за да и се даде легитимитет, туку чекор за оваа влада да падне, потенцираше Милошоски.