М-НАВ доби нови директори
Владата на денешната седница заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на М-НАВ да ги отповика од должноста членови на Управниот одбор и директори Фахрудин Хамиди и Љубе Стаменковски.
Владата ги предлага Илир Мемеди и Милан Кораќ за нови директори на М-НАВ во пакет со препораката за разрешување на Фахрудин Хамиди и Љубе Стаменковски.
На денешната седница, на која како точка на дневен ред се најде состојбата во М-НАВ, не било предложено разрешување на членот на Управниот одбор и директор на М-НАВ, Хасим Деари.
Неофицијално, објаснувањето е дека Деари бил неодамна назначен на оваа позиција и дека не бил дел од проблемот во М-НАВ.