Пајазит Пајазити кој ги ОСЛОБОДИ ТЕПАЧИТЕ во М-НАВ – награден за СУДИЈА ВО АПЕЛЦИЈА?

Пајазит Пајазити и Сандра Крстиќ се судиите кои одредија мерка на претпазливост за осомничените за упадот во М-НАВ а не и притвор, објави Тв Телма.

Осомничените со ваквата одлука на судиите, добија забрана да го напуштат живеалиштето, одземени им се пасошите и треба повремено да се јавуваат во судот. Забрането им е и да комуницираат со оштетениот и меѓу себе. Засега нема објаснување зошто е одбиен предлогот на Обвинителството да добијат притвор. Обвинителството најави дека ќе се жали на одлуката.

Судијата Пајазит Пајазити е заменик претседател на Кривичниот Суд. Има поднесено кандидатура за да биде судија во Апелациониен суд Скопје, што за судиите е најпрестижна функција.

Да одиме по ред

Месецов треба да заврши (дали ќе заврши, не се знае) изборот на судии во апелационите судови, а посебно во Апелационен суд Скопје, најпрестижна функција за која се борат сите во правосудството.

Од 36 потребни судии, изборот се сведе од вкупно 28 пријавени судии, откако во ноември 2023 година, по скандалозен избор беа избрани по партиска линија 8 апелациски судии.

За една од овие 28 функции во скопска апелација, претендираат двајца канидитати.

Едниот од нив е заменик претседател на Кривичниот Суд, го бутка криминалната власт на ДУИ и СДСМ, е Пајазит Пајазити.

Судијата Пајазит Пајазити кој ги пушти на слобода напаѓачите во М-НАВ ќе биде избран за судија во Апелационен суд.

Неговиот избор се очекува да биде потврден месецов, дознава Вечер.мк од извори во правосудството.

Случајот со Беким Неизири само го потврдува неговиот избор за судија во Апелација.

Луѓето кои треба да го изберат толкуваат дека може да биде избран, без психолошки тест и докази за интегритет.

Извори во правосудството за Вечер.мк наведуваат дека нема дилема за неговиот избор по упадот во М-НАВ и дека постојат реални можности истиот да биде реализиран пред крајот на јануари 2024 година.

Кој е судијата Пајазит Пајазити

Пајазит Пајазити е судијата на претходна постапка кој не одреди притвор за групата која упадна во М-НАВ предводена од Беким Незири, пишува Телма ТВ.

Тој е заменик-претседател на Кривичниот суд, а во времето кога Груевски беше во бегство беше судија за санкции кој ја носеше одлуката за издржување на казната затвор.

Судскиот совет одлучи тогаш дека нема пропуст кај судијата Пајазити кој му даде покана за затвор на Груевски.

Пајазити бил дежурен во судот цела недела согласно распоредот во Кривичниот суд.

Се очекува жалба на Обвинителството кое бараше притвор.

Упадот во М-НАВ гарантиран од Пајазити

Беким Незири може да оди и на работа во М-НАВ бидејки е на територија на Скопје, а тој и останатите тројца имаат само мерки за ненапуштање на живеалиште. Беким Незири може да оди и на работа во М-НАВ бидејки е на територија на Скопjе, а тој и останатите тројца имаат само мерки за ненапуштање на живеалиште – oбврска за нивно јавување на определено службено лице во судот, oдземање на патната исправа, односно забрана за нејзино издавање и забрана за комуникација со оштетениот, како и меѓусебна комуникација.

Епилог

Беким Незири и уште еден вработен во М-НАВ, кои беа меѓу осумтемина што учествуваа во упадот во контролната кула на Скопскиот аеродром при што беше натепан контролор на летање на работното место, повторно ќе може да се вратат на работа во М-НАВ. Ова им го овозможуваат мерките за претпазливост што наместо притвор, како што бараше Обвинителството, им ги изрече судијата на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје.

Незири, кој е претседател на чаирскиот огранок на владејачката ДУИ, заедно со 3 лица од судот добија само мерки за претпазливост. Тие се сомничени за „Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“ од чл. 303 ст.2 вв со чл. 22 од Кривичниот законик, кривично дело кое се казнува со најмалку 5 години затвор. Според мерките, им се определува: забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска за нивно јавување на определено службено лице во судот, одземање на патната исправа, односно забрана за нејзино издавање и забрана за комуникација со оштетениот како и меѓусебна комуникација.

Од Основниот кривичен суд Скопје за сдк.мк потврдија дека мерката Забрана за напуштање на живеалиштето односно Скопје, значи дека Незири и колегата ќе може да одат на работа во М-НАВ во Петровец, бидејќи и тоа е Скопје.

Осумтемина напаѓачи на Контролната кула на Скопскиот аеродром не се осомничени за тероризам, иако во моментот на нападот нападнатите контролори воделе 28 авиони на небото над Македонија. Четворица од напаѓачите по кои МВР уште трага, се надворешни лица кои не се вработени во М-НАВ.