СЕ ОГЛАСИ ДРИН АХМЕТИ: 750 пиротехнички средства му биле легално купени, ќе се борел правно
Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој беше приведен во саботата во Скопје, кога полицијата при проверка на неговиот автомобил нашла 750 пиротехнички средства, се огласи дека ќе се бори правно за случката.
„Во овој момент, нема да коментирам детали бидејќи во тек е истрага и постапка, а мојот правен тим работи на тоа. Можам да го кажам само ова, пиротехниката беше купена легално, а сите други подароци во автомобилот беа за моите внуки и внуци“, вели Дрин Ахмети за „Скопје1.
Инаку, полиција го застана на рутинска контрола на Пластичарската улица во Скопје, а потоа заврши во полициска станица.
МВР ги презеде сите потребни активности од полициски аспект, а понатаму Јавното обвинителство ќе оцени како ќе постапува. Ова го истакна денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, прашан за пронајдените пиротехнички средства во возилото на внункот на лидерот на ДУИ, Дрин Ахмети, кој неодамна стана управител на трговскиот центар „Соравија“.
Спасовски рече дека одземени се сите предмети и доставен е поднесок до ЈО. Вели дека треба да се земат во предвид сите факти и докази и понатаму Обвинителството врз основа на тоа да донесе одлука.