Преку видео со шеги, гафови и лапсуси на своите гласноговорници ВМРО-ДПМНЕ им ги честита празниците на сите граѓани

Преку видео со шеги, гафови и лапсуси на своите гласноговорници ВМРО-ДПМНЕ им ги честита празниците на сите граѓани.

Во видеото се собрани голем број шеги и грешки кои се направени за време или пред прес конференции на луѓе кои годинава зборувале пред микрофонот обраќајќи им се на медиумите и јавноста.

„Граѓаните ја испраќаат тешката 2023 година, со надеж дека 2024 година ќе донесе промени и подобар живот. Токму празничните мигови се време кои секој од нас треба да ги помине во радост и веселба заедно со своите најблиски.

За таа цел како Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ќе се обидеме преку едно кратко видео да придонесеме кон подоброто расположение на граѓаните, преставувајќи ја веселата страна на политиката, лапсузите и гафовите кои се случија изминатата година, а кои останаа невидени и незабележани во медиумите. Се надеваме дека насмевките и позитивната енергија кои ги предизвикува ова видео ќе придонесе да подзаборавиме на проблемите и предизвиците и ќе биде добар вовед во Новата 2024 година која сите очекуваме дека ќе донесе многу успеси, радости и напредок.

Среќни празници”, се вели во коментарот на Центарот за комуникации на ВМРО- ДПМНЕ.

Видеото на овој линк>

https://fb.watch/ph6osdcYB-/?mibextid=Nif5oz