Мицкоски КАКОВ ШТО НЕ СТЕ ГО ВИДЕЛЕ ДОСЕГА – Даде кош, прошета по старото маало, покажа на кои роботи се работи
Во последната емисија од „Вечерно шоу“, водителот Богдан Илиевски го посети претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Машински факултет, каде што предава, а потоа заедно прошетаа по улиците на Карпош по кои тој растел.
Ова место, вели, го чувствува како лична приватност и интима, далеку од политиката. За факултетот, колегите, предавањата и посебно студентите, Мицкоски зборува со голема гордост и љубов.
Мицкоски зборуваше и за неговото детство. Како генерација, потенцираше, многу го сакавме спортот. Иако Вардар му е прва љубов, вели сега знае да ги бодри сите македонски клубови, зошто се чувствува горд на овие успеси. Оваа љубов кон спортот ја пренел и на неговите синови, а откри дека помалиот сега тренира фудбал.
Мицкоски го однесе Бетмен и на Фонтана во Карпош 3, каде вели се дружел после часови.
За семејството, образованието, Македонија, минатото и иднината, погледнете го Мицкоски од друг агол.
https://www.facebook.com/watch/live/?ref=watch_permalink&v=3574903889446009