Трипуновски: На само еден месец пред техничка влада, СДС и ДУИ си ја полнат државната и јавна администрација со партиски послушници

– На само еден месец пред техничка влада, СДС и ДУИ си ја полнат државната и јавна администрација со партиски послушници.Објавен оглас за вработување во Македонски шуми 355 лица и 157 во АД Водостопанство. И двете државни претпријатија се загубари, преживуваат со позајмици а, платата и доцни со месеци.

Мислат на овој начин со вдомување на партиски војници ќе го намалат поразот на парламентарните и претседателески избори. Но, се лажат! По преземање на власта ќе има целосна ревизија како се вработени овие лица.Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме!, пишува на својот Фејсбук-профил Цветан Трипуновски, претседател на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

Редакцијата на Збор дојде до точните „критериуми“ за вработувањата од кои само десетина се Македонци, дваесетина Роми, дваесетина Турци, по неколку Бошњаци и Срби, а сите останати АЛБАНЦИ:

БЕРОВО – 13 Албанци, 2 Турци, 1 Македонец
Кочани -2 Албанци, 2 Турци
Крива Паланка – 6 Албанци, 1 Ром, 1 Бошњак
Ресен – 8 Албанци,1 Србин, 1 Ром, 1 Турчин
Пехчево – 2 Албанци, 1 Турчин, 1 Македонец
Валандово – 1 Албанец, 1 Ром
Кавадарци – 7 Албанци, 2 Македонци, 1 Србин, 1 Турчин
Демир Капија -6 Албанци, 1 Бошњак, 1 Турчин, 1 Ром, 1 Македонец
Битола -7 Албанци, 1 Ром, 1 Турчин,1 Бошњак, 1 Македонец
Кратово -3 Албанци
Куманово – 4 Албанци
Демир Хисар -7 Албанци, 1 Турчин, 1 Србин
Струмица -2 Албанци, 1 Турчин
Велес -4 Албанци, 1 Ром
Гостивар -3 Албанци, 1 Влав, 1 Македонец
Прилеп -1 Албанец, 1 Турчин
Македонски Брод – 7 Албанци,1 Македонец

 

Можно е да е слика од одрезок од билет и текстМожно е да е слика од одрезок од билет