„СДСМ, ДУИ и Левица КАКО ПОПЧИЊА И ГЛАСАА БУЏЕТ на Арсовска“

Коалицијата СДС, ДУИ и Левица проработе. Најпогубниот неразвоен буџет скроен по теркот и меракот на СДС, ДУИ и Левица беше денес изгласен во советот на Град Скопје. Арсовска донесе буџет со помош на СДС, ДУИ и Левица, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додават дека  мнозинството СДС, ДУИ и Левица и изгласа буџет на Арсовска за да ги укине капиталните инвестиции, намали субвенциите и парите да завршат во приватни џебови на пајташите на Арсовска.

Медарката Арсовска си обезбеди полни раце мед со гласовите на Левица, ДУИ и СДС. Честито за коалицијата, жалење за новата загубена година, стои во соопштението.