Милевски: Ковачевски каде е ветениот експресен пат за Меџитлија и колку чини еден час ископ во РЕК?

Господине самоименуван премиер, граѓаните на Битола наместо добредојде, сакаат да ви постават неколку прашања, за да го искористат вашето доаѓање.
Прашањата се многу и секој ден се отвораат нови, а комуникацијата со вас и власта што ја предводите речиси невозможна.
Така велат граѓаните и прашуваат од каде ја црпите дрскоста и ароганцијата и доаѓате без срам и перде во Битола.

Знаете ли, дека деновиве Битола е еден од најзагадените градови во Македонија?
Кога ќе го реализирате повеќепати даденото ветување за санација на филтрите во РЕК Битола ?
Господине Ковачевски, дали имате податоци за ископот во РЕК Битола?
Колку чини еден час ископ на вашите “омилени фирми” ?
Каков е вашиот став како премиер, во однос на барањата на пензионерите?
Дали знаете, дека се повеќе здравствени услуги, ние како граѓани на Битола, бараме во соседните општини, а од нашиот Клинички центар, оние што вие ги поставувате направија провинцијална болница?

Дали знаете, дека покрај немањето учебници, вашата власт и вашиот министер прават огромна штета на воспитно – образовниот процес, па така со вашите кадри се соочуваме со бојкот на наставата и нарушени меѓучовечки односи?
Треба да им одговорите на граѓаните каде ви е ветениот експресен пат за Меџитлија ?
Граѓаните прашуваат која инвестиција ја излобиравте за Битола?
Уште еднаш,битолчани бараат да им одговорите што ќе преземете против криминалот и корупцијата, кои секојдневно се последица на вашето очајно лошо владеење?
Или партиското МВР се занимава со “хајки на политички неистомисленици” ?
Ова се вашите избројани премиерски денови, бидете чесни пред граѓаните и ако не одговарате јавно обидете се пред вашата совест да ги најдете одговорите.
Битола и битолчани секогаш знаат точно да препознаат кој им е сојузник, а со кого наместо живот добија најнизок животен стандард, најскапа струја, храна, најскап огрев, најскапи горива, најскапи лекови.