Неочекуван преседан во американската историја, се забранува кандидатура за претседателски избори за поранешниот претседател Доналд Трамп за кого се уште не се завршени судските процеси кои беа покренати. Покрај тоа, Трамп води на сите анкети пред актуелниот претседател Џо Бајден, што значи има најголеми шанси да биде избран повторно за претседател, па затоа оваа одлука на судот се толкува како единствена шанса да се спречи Трамп да ја преземе власта, односно се оди спротивно на јавното мислење во САД.
Врховниот суд на Колорадо донесе одлука со која забрани претседателскиот кандидат Доналд Трамп да се најде на гласачкото ливче за избор на претседател во таа држава бидејќи на 6 јануари 2021 година тој извршил востанички активности.
Противниците на Трамп одлуката ја окарактеризираа како историска и укажаа дека ова може да спречи тој да учествува на изборите, и да победи, за што води кампања повеќе од една година.
Од изборниот штаб на поранешниот претседател одлуката ја нарекоа недемократска и веднаш ја дадоа на апелација на Врховниот суд на САД.
Одлуката е заснована на статија од Уставот внесена во 1868 година која спречува избрани државни офицери кои кренале востание против САД да дојдат на власт.
Други судови низ САД се подготвуваат да донесат слични одлуки. Ако слични заклучоци се донесат во другите држави, Трамп ќе има огромни тешкотии, а можеби и ненадминливи, да осигура републиканска номинација и да победи на изборите во ноември 2024 година, пишува Вашингтон пост.
– Мнозинство од судот смета дека претседателот Трамп е дискфалификуван да држи функција Претседател според Делот три од Четиринаесеттиот Амандман на Уставот на Соединетите Американски Држави, се вели во одлуката.
– Затоа што тој е дискфалификуван, би било погрешен чин да се најде на списокот кандидати на претседателско првично гласачко ливче, се додава.
Врховниот суд на САД решава и по друга апелација на Трамп според која тој бара имунитет во еден од неговите случаи на злосторство – обвинението подигнато во Вашингтон од специјалниот обвинител Џек Смит, а поради незаконски обид да ја спречи победата на претседателот Џо Бајден на изборите во 2020 година. Трамп негира дека направил какво и да било злосторство.
Врховниот суд на САД е повисока инстанца која ќе решава дали одлуката на Врховниот суд на Колорадо е законска.
Им стојам на патот
Се огласи и самиот Трамп, кој на насобраните поддржувачи им порача дека ваквата судска одлука не е насочена против него туку против американскиот народ, кој нема да молчи.
„Кога овие радикални демократи ќе се соберат и ќе донесат одлука против мене, многу им благодарам, рече Трамп, проследен со аплауз.
Непријателот сака да ми ја земе слободата затоа што сака да ти ја одземе слободата. Никогаш нема да им дозволам да го направат тоа. Сакаат да ме замолчат затоа што никогаш нема да дозволам да ме замолчат и на крајот тие не ме нападнаа мене, тие ве нападнаа вас, а јас само им стојам на патот и секогаш ќе им стојам на патот“, рече Трамп.