Ким Кардашијан за само 45 секунди заработи милион долари (ВИДЕО)
Ким Кардашијан е ѕвезда на рекламата за австралискиот “Uber Eats”. Рекламата не е нова, но сега излезе информација колку заработила снимајќи ја.
Таа снимаше реклама за компанија која се бави со достава на храна во Австралија под називот “Uber Eats” за точно милион американски долари.
Имено, Ким ја имаше главната улога во реклама со комичен карактер која трае многу кратко и која започнува со реченицата:
-Вечерва ќе јадам…- започна Ким, а потоа наброја што ќе јаде.
Друштво во рекламата и прави и австралиската комичарка Магда Субански, позната како Шаз која “ја исмева” Ким и ја учи да ги изговара зборовите со акцент.
Во првата реклама Ким има долга црна коса врзана во репче, додека веќе во следната реклама има краток боб со шишки, што наводно и го направила колешката од рекламата.