Нијагара не ја пере Рускоска, ќе мора да одговори наскоро со кого ги конструирала случаите за политичка пресметка на власта против патриотите и неистомислениците
Нијагара не ја пере Рускоска, ќе мора да одговори наскоро со кого ги конструирала случаите за политичка пресметка на власта против патриотите и неистомислениците.
Пензионерката Рускоска најдоброто на што може да се надева е само линеарното зголемување на пензиите после промената на власта, но граѓаните на Македонија може да се надеваат на расветлување и расчистување на сите политички процеси во кои учествуваше разрешената и понижена екс-обвинителка.
Таа со нејзината додворувачка навика кон секоја власт е пример за тоа што е најлошо во судско-обвинителскиот систем и една од главните причини поради кои граѓаните немаат доверба во институциите и сметаат дека државата е на дното во своето постоење.
Нејзиното место сепак не е во заборавот и залудно е потрошен јавниот простор посветен на нејзините празни правдања, бидејќи не се заборава она што го правеше и што го претставува, како што не се заборава и она што го правеше нејзината колешка Катица Јанева, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.